ноември 26, 2021

Антикорупциска со 150 евра го казни Ден Дончев (видео)

Екс директорот на Фондот за здравство заработи парична казна од антикорупциска.

И покрај тврдењата на Ден Дончев во март минатата година дека 3-те милиони денари од австралиска фирма му биле префрлени законски, сепак тој заборавил овие пари да ги пријави и да направи промена на имотната состојба.

Обвинителсвото пак за гонење организиран криминал и корупција побарало меѓународна правна помош во предметот кој е во предистражна постапка за поранешниот директор на Фондот за здравствено осигурување Ден Дончев и откако ќе се докомплетира документацијата обвинителот ќе ја обзнани одлуката за овој случај.

Дончев, не е во Македонија, ја напуштил земјава кон средината на јануари и заминал во Австралија наводно од семејни причини. Во предметот што е отворен против него засега нема обвинителен предлог и не се побарани мерки на претпазливост, велат од Кривичниот суд.

Итна антикорупциска проверка ќе претрпи и Законот за игри на среќа. Со пријави до ДКСК и финансиската полиција голем број граѓани предупредуваат дека постечкиот закон остава простор обложувалниците со исплатите на рака  да перат пари и да злоупотребуваат лични податоци.

-Итно да се направи антикорупциска проверка на Законот за игри на среќа и да се направи проверка на законот за регулирање на исплатата во кеш. бидејќи засега со првичнава проверка околу 40.000 евра беа ставени на даночните пријави без да знаат граѓаните. Да побараме промена во законот или да се регулира оваа исплата во кеш, предложи членот на ДКСК Горан Трпеноски.

Извор: Тв Сител

Сподели
 
 
 
   more