јули 22, 2021

Златко беше буквално осуден на смрт

Златко немаше шанса. За Златко немаше спас. Замислете ја таа драма. Мајка му цела ноќ го топлела со своето тело да не смрзне по колапсот. Големата мајка. Ама немаше спас за Златко, зашто немаше хеликоптер да го пренесе до болница. Хеликоптерот е строго наменски. Кога треба Филипче и Заев да се сликаат низ Прилеп и да тераат кампања за локални. Ама за Златко немаше. Немаше ни теренско возило од Центарот за кризи или било која друга институција, град Кратово, полиција…


Златко беше осуден на смрт. Буквално. Осуден од државата. Каков пораз е ова. Да знаеш дека и ТИ можеше да бидеш на местото на Златко. Ќе немаше спас и за тебе. И утре ако истото ти се случи, знај дека си осуден на смрт. Како Златко.
И пак, по којзнае кој пат последниов месец таа држава, нејзини луѓе на чело на споменатите институции одбиваат да преземат одговорност.
А сме гледале илјада странски документарци во кои за да се спаси животот на еден човек се ангажирале стотици луѓе, опрема, механизација, хеликоптери… За животот на еден човек.!
Ама не и за Златко. Зашто нема држава. Таа е целосно дехуманизирана зашто е во служба само на две три фамилии олигарси и една етнички обоена политичка елита. Златко мораше да умре во таква држава. Немаше шанси. Како и сите ние.


Се е само празно надевање дека некогаш ќе биде подобро. Нема. Нема шанси.

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •