Д-р Чадиковски: Ако сте прележале ковид, дајте ја вакцината на некој друг

Владимир Чадиковски, познат детски хирург, вчера се откажал од примање на вакцината, бидејќи, како што вели, сака таа да му биде предадена на некој друг кој нема антитела.
Д-р Чадиковски на Твитер пишува дека во јануари годинава го прележал вирусот, по што сега има доволно антитела.
Советува и другите кои ја прележале болеста, да ја дадат вакцината на некој друг.
„Прележав Ковид во јануари, со силна клиничка слика. Имам доволно антитела, а денес требаше да се вакцинирам. Не се вакцинирав, бидејќи можам уште неколку месеци да бидам заштитен. Предајте ја вакцината на некој што нема антитела ако сте во иста ситуација, имате стекнат имунитет четири до шест месеци!!“, пишува д-р Чадиковски н својот Твитер профил.