јули 24, 2021

На повидок нови 50 000 загубени работни места поради деструктивните политики на Владата – работниците оставени на цедило!

Со воведувањето на новите рестриктивни мерки под изговор за зголемен број на заболени од ковид, Владата стави клуч на цел угостителски сектор, притоа не размислувајќи на ефектите кои што би ги донеле овие дејствија! Ваквите политики ќе донесат преку 50 000 загубени работни места, нешто што ќе остави долгорочни последици по Република Македонија.

Дека не се работи за грижа за здравјето на граѓаните, туку само ефтини политички игри, говори фактот дека до пред неколку дена Владата во желба да одржи скандалозен попис, тврдеше дека нови мерки не се потребни и дека сериозноста на пандемијата не е алармантна, за сега, откако пропадна обидот за фалсификување на оваа статистичка операција да бидат “казнети“ граѓаните на најбрутален начин.

Владата мора да разбере дека со хаотично и шизофрено владеење не се постигнува ништо добро, дотолку повеќе, се прави непоправлива штета на стотици илјади граѓани на Република Македонија.

Левица како работничка партија ги осудува постапките на Владата и бара преиспитување на донесените рестриктивни мерки со цел да не се влоши и така катастрофалната состојба во областа на невработеноста и животниот стандард. Веќе цела година работниците се оставени на цедило, на милост и немилост на околностите кои што ги носат овие времиња, без притоа да добијат никаква помош од државата.

Доколку Владата нема идеја како да се справи со овој предизвик, ја советуваме да си поднесе неотповиклива оставка за да не нанесе поголема штета од веќе постоечката. Доста беа популистички игри! Време е да се сработи нешто во интерес на работниците!

*Левица – Трудов сектор

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •