ноември 30, 2021

Д-р Мехмедовиќ: За да има ефект потребно е затворање од 5 до 7 недели

Злате Мехмедовиќ, лекар во ковид центар во емисијата 24 анализа рече дека јавното здравство е преоптoварено и проблемите се јавуваат кога одредена категорија на граѓани немаат финансии и услугите ги бараат во приватните болници.

„Затоа голем дел од приватните болници остваруваат профит на грбот на граѓаните кои немаат доволно пари и заложуваат куќи, станови, за да може да си го платат лекувањето или да добијат кревет“,  вели Мехмедовиќ.

Вели дека оваа варијатна на вирусот е изразито агресивна и прави тешки проблеми. Смета дека за да има резултати, потребно е затворање за период од 5 до 7 недели. 

Сподели
 
 
 
   more