април 18, 2021

Блумберг: Пандемијата во Македонија ќе заврши во 2031

Со досегашното темпо на имунизација, на Македонија ќе ѝ бидат потребни над 10 години за да го победи коронавирусот, е заклучокот од истражувањето на Блумберг. Оваа проценка е направена врз основа на фактот дека само 0,3 проценти вакцинирано население до 6 април, односно 14 000 аплицирани дози.

Србија е неприкосновен лидер по вакцинација за ковид-19 во регионот, но и во самиот европски и светски врв, па за неа се проценува дека ќе ја победи болеста за пет месеци.

Словенија тоа ќе го стори за 10 месеци, Грција за 13, Романија и Црна Гора за 15, Хрватска за 16 итн.

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •