јули 27, 2021

Чулев: Истрагата за пасошите беше завршена во мое време, зошто Спасовски толку чекаше?

Истрагата за издавањето на фалсификувани пасоши беше речиси комплетирана во периодот кога бев министер, но заради задржување на професионален однос и несакањето да биде ставена во контекст на парламентарните избори, истата не финишираше односно не беше обелоденета, изјави техничкиот министер за внатрешни работи од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Наќе Чулев.„Која е причината поради која се чекаше недозволиво долг период кога во континуитет се издаваа македонски пасоши исклучиво знае Оливер Спасовски и одговорноста е исклучиво негова. Тој е министерот на кој редовно намерно или ненамерно му се случуваат сериозни пропусти во работењето што резултира со последици по меѓународната репутацијата и интегритетот на државата, а што се отсликува и со рапидниот пад на Македонија на листата на земји по степен на корумпираност. Сега е крајно време Оливер Спасовски да понесе најмалку морална и политичка одговорност и да ја препушти оваа одговорна функција на личност која максимално посветено и чесно ќе ја извршува истата“, напиша Чулев на фејсбук.

Според него, недозволиво е земја членка на НАТО и претендент за членство во ЕУ да дозволи со години да биде сериозна логистичка база за најозогласени криминални транснационални картели.

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •