јули 23, 2021

Филипче: Граѓаните по сопствена волја се лечат во приватните клиники

– До сега не сме се нашле во ситуација да нема слободно место на државните клиники, граѓаните одлучуваат да се лечат во приватните по сопствена волја, вели министерот за здравство Венко Филипче.

Тој посочи дека болниците Ремедика и Систина се согласиле да дадат лекари специјалисти кои што ќе работат во јавното здравство во период од следниот месец дена, 5 лекари специјалисти од приватната болница Систина, двајца од Ремедика. Од клиниката Жан Митрев одговориле дека во моментов голем број од вработените се на боледување, но истакнале дека во следните две недели и тие ќе дадат кадар кој ќе помогне во доекипирање на Центарот за рехабилитација Козле.

Во однос на висината на цените за здравствените услуги во приватните болници, Филипче рече дека веројатно тоа ќе биде оставено на нивната добра волја да излезат во пресрет.

– Државата нема правен механизам да влијае на цените на приватните болници, тоа е оставено на нивна добра волја, истакна министерот за здравство Венко Филипче.

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •