април 16, 2021

СПАСОВСКИ: 215 ЛИЦА, ОД КОИ 214 СТРАНСКИ ДРЖАВЈАНИ И ЕДЕН МАКЕДОНСКИ ДРЖАВЈАНИН СЕ ЗДОБИЛЕ СО ПАТНА ИСПРАВА ПОД ТУЃ ИДЕНТИТЕТ

МВР денеска уапси криминална група чии членови биле вработени во управната служба на МВР кои издавале патни исправи злоупотребувајќи туѓ идентитет.

„Кон почетокот на 2019 воспоставена е криминалистичка истрага за лица вработени во управните служби при МВР, како референти и контролори, кои издавале македонски патни исправи за лица странски државјани употребувајќи туѓ идентитет, а пред тоа лицата немале биометриски лични документи.“ – рече Спасовски.

215 лица, од кои 214 странски државјани и еден македонски државјанин се здобиле со патна исправа под туѓ идентитет. Едно лице било посредник меѓу барателите и службените лица и било утврдено дека станува збор за лица кои се од меѓународни криминални групи, нарко картели, односно лица со висок ризик и лица со потерница под туѓ идентитет. Обвинети се 10 лица, 9 се приведени, a по едно се трага, информираше Спасовски.

Спасовски информираше дека до ОЈО Скопје ќе биде поднесена кривична пријава против 10 лица.

– 9 од нив се приведени и тие во текот на утрешниот ден ќе бидат предадени на надлежното Обвинителство и надлежниот суд, рече Спасовски.

Министерот рече дека за време на акцијата се соочиле од опструкции од опозициската ВМРО-ДПМНЕ и нејзиниот претседател Христијан Мицкоски. 

– Беа пласирани информации во врска со истрагата со што директно можеше да се загрози сѐ што беше сработено во период од повеќе од една година од нашите полициски службеници, но и од стратешките партнери и Интерпол. Ова е недозволиво, застанување против полицијата и против борбата за правда и одговорност на секој што го прекршил Законот, рече Спасовски.

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •