април 18, 2021

Силен земјотрес кај Сисак во Хрватска

Земјотрес со магнитуда од 4.6 степени според Рихтерт предмалку го потресе подрачјето околу Сисак, јави Европскиот медитерански центар за земјотреси.

Епицентарот бил кај Сисак, на 20 километри од градот, на длабочина од 2 км. Земјотресот се почувствувал и во Босна и Херцеговина.

Според Хрватскиот сеизмолошки центар пак, земјотресот бил со јачина од 4,2 степени, на длабочина од 5 киломтери оддалечен на 15 км од Глина или 65 км од Загреб.

Претходно, во 10.30 и во 10.31 почувствувани се уште два земјотреси на истото подрачје со јачина од 3 и 2,5 степени.

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •