април 18, 2021

Претставник на ЕМА: Постои врска помеѓу вакцината Астразенека и тромбозата

АстраЗенека предизвикува згрутчување на крвта. ЕМА официјално ќе соопшти во вторник. Како вакцината Астразенека предизвикува згрутчување на крвта кај вакцинирани лица во неколку случаи, сè уште не е јасно

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  

Висок претставник на Агенцијата за лекови на ЕУ ЕМА тврди дека постои врска помеѓу вакцината Астразенека и појавата на згрутчување на крвта кај одделни вакцинирани лица. „Сега можеме да кажеме дека е јасно дека има врска со вакцината“, изјави шефот на одделот за вакцинација ЕМА, Марко Кавалери, со оглед на тромбозите по вакцинациите од АстраЗенека, во интервју објавено во вторникот за италијанскиот Весник „Ил Месаџеро“.

Кавалери во интервјуто сугерира дека ЕМА официјално ќе соопшти во вторник. Како вакцината Астразенека предизвикува згрутчување на крвта кај вакцинирани лица во неколку случаи, сè уште не е јасно, според неговите информации.

Досега, ЕМА ја препорачуваше вакцината Астразенека како безбедна посочувајќи дека нема докази за поврзаност помеѓу вакцината и згрутчувањето на крвта. Сепак, неколку земји на ЕУ, вклучувајќи ја и Германија, ја ограничија употребата на вакцината.

Во Германија, луѓето на возраст под 60 години не треба повеќе да се вакцинираат со Астразенека. Германските власти ја оправдаа својата одлука со појава на тромбози на церебрална вена, особено кај помлади жени, во врска со вакцинацијата.

Британската агенција за лекови MHRA во саботата соопшти дека по повеќе од 18 милиони вакцинации со Астразенека на национално ниво, регистрирани се 30 случаи на тромбоза кај вакцинирани лица во Велика Британија. Седум лица починаа.

Тромбози на церебрална вена или тромбози на синусни вени се згрутчување на крвта во мозокот. Оттаму, големите венски крвни садови, синусните вени, транспортираат крв со сиромашен кислород до срцето. Ако постои згрутчување на крвта протокот е блокиран. Тогаш доаѓа до зголемување на притисокот во мозокот.

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •