септември 28, 2021

Почина Тозовац

Познатиот пејач почина на Воено-медицинската академија во Белград, а претходно се лекуваше во клиничката болница „Драгиша Мишовиќ“.

Предраг Живковиќ Тозовац последните неколку недели се лекуваше од вирусот ковид-19, а веста дека починал за „Блиц“ ја потврди неговиот кум Ратко Раѓеновиќ.

– За жал, тој не издржа, овој ковид целосно го уништи – изјавил Раѓеновиќ.

Познатиот пејач почина на Воено-медицинската академија во Белград, а претходно се лекуваше во клиничката болница „Драгиша Мишовиќ“.Можеби ќе ве интересира

Тозовац минатата недела даде изјава за медиумите, во која изјави дека се надева дека наскоро ќе ја напушти болницата и ќе го продолжи лекувањето дома.

– Јас сум многу подобар. Се подобрува, оди. Сè уште сум во болница, но се надевам дека наскоро ќе стигнам дома. Дај Боже, сè ќе биде како што треба. Мислам дека белите дробови ми се многу подобри – изјави тогаш Тозовац за „Телеграф.рс“.

За жал, тој ја загуби борбата против злобниот вирус.

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •