јули 23, 2021

ПОЧИНА БУГАРСКИОТ НОВИНАР ГЕОРГИ КОРИТАРОВ – и во земјава познаниците се опростуваат од него – беше еден од ретките со исправен став за македонското прашање

Новинарот Георги Коритаров од Бугарија почина на 61 година. 

Директорот на ТВ Европа Георги Харизанов ја објави загубата на Фејсбук, пренесе Бгнес. Коритаров го водеше блокот Слободна зона во медиумите во изминатите неколку години.

„Не знам точно како се објавуваат ваквите вести. Не знам како се кажува, како да ги разберам, не знам како да живеам со нив. Вчера се смеевме во етерот. Денес разбирам дека нема да се видиме повеќе. Нема да разговараме. Нема да се расправаме Нема да размислуваме заедно, да работиме заедно, да читаме и да пишуваме заедно. Среќен сум што бев мал дел од животот на овој великан И тој мој, ќе се обидам да се насмеам секогаш кога ќе го запомнам. Но, тешко дека ќе успеам “, напиша Харизанов.

Почит кон неговото сеќавање! И многумина во земјава кои го познавале Коритаров, се простуваат од него.

Новинарот и директор на Телма, Атанас Кировски, напиша.

„Почина еден од најдобрите бугарски новинари и мој личен пријател Георги Коритаров од ковид. Многу тажно. Во повеќе наврати сум гостувал и на неговите телевизиски и на радио емисиите, затоа што беше сестран новинар. Бездруго еден од многу ретките со исправен став кон македонското прашање во актуелната дебата меѓу Скопје и Софија“, напиша на фејсбук Атанас Кировски.

„Пристоен човек и голем новинар. Бог да му ја успокои душата George Koritarov! Длабоко жалење“, напиша Марјан Ѓуровски, професор на Факултетот за безбедност.

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •