април 16, 2021

ОН: Цените на храната вртоглаво растат

Светските цени на храната паднаа на почетокот на пандемијата на вирусот корона, но беа проследени со нагло зголемување, покажуваат податоците на Организацијата за храна и земјоделство.

Според Организацијата за храна и земјоделство на Обединетите нации, цената на храната во февруари е највисока во последните шест години и 16 проценти повисока од просекот за 2014-16 година.

Од јуни минатата година, цените растат постојано, достигнувајќи раст од 22,9 проценти во февруари.

Во споменатиот период цената на маслото за јадење се зголеми за цели 60,8 проценти, а на житарките за 29 насто.

Цената на шежерот се зголеми за 25,3 отсто, а на млечните производи за 17,3 проценти.

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •