април 18, 2021

НЕ САКАВ ДА БИДАМ МЕЃУ ПРВИТЕ, ТУКУ ВО СРЕДИНА, КАКО ОБИЧЕН ГРАЃАНИН (ВИДЕО)

Вучиќ ја прими првата доза од кинеската вакцина „Синофарм“ во рударското село Рудна Глава.

Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска се вакцинираше против ковид-19. Тој ја прими вакцината на кинескиот производител „Синофарм“ во здравствениот дом во селото Рудна Глава, во близина на Мајданпек.

„Сѐ помина во најдобар ред, ништо не почувствував“, изјави Вучиќ, додавајќи дека е среќен што гледа редици со луѓе кои чекаат да се вакцинираат.

Тој додаде дека втората доза ќе ја прими некаде на југот на Србија.

„Мислев за три недели да одам на југ за ревакцинацијата и да го направам тоа во Мерошин или Бабушница“.

Вучиќ појасни и зошто дури сега се вакцинира против ковид-19.

„Реков во почетокот дека ќе почекам да се вакцинираат еден милион луѓе. Премиерката се вакцинираше меѓу првите, а јас сакав кога и народот, некаде во средина, како обичен граѓанин на Србија“.

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •