април 18, 2021

Ројал зеленчуков микс со глушец

Дали е и тоа можно.

Во еден од маркетите во земјава, во производ – пакување со смрзнат зеленчик, покрај морковот, карфиолот и брокулата, купувачот нашол и смрзнат глушец.

Ова страшно непријатно искуство тој го сподели на својот фејсбук профил. 

Објави и фотографии од непријатната глетка во неговата тава. 

Погледнете ја објавата на фејсбук на овој наш сограѓанин.

„Го сакам КАМ во поштенско сандаче!!! Јадиме здрава храна… Семката ваша!!!

Ројал микс со глушец. 

Кај да го пријавам ова?“, пишува овој наш сограѓанин.

Се очекува реакција од компанијата, но и од надлежните институции.

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •