ноември 30, 2021

Опозициската СДСМ бара оставка од Груевски поради хеликоптерот

*Сатирична вест

Лидерот на опозициската СДСМ, Зоран Заев, денес одржа прес конференција на која презентираше докази против тврдењето на премиерот, Никола Груевски, дека во живот не се возел во хеликоптер и побара од него да даде итна и неотповиклива оставка.

– Не нѐ интересираат оправдувањата дека и Бранко правел така. Доста ни е од споредби со претходната власт, кои служат само да ја маскираат нивната неспособност и незнаење. Наместо да донесат вакцини, тие и после 4 години власт, уште ни зборуваат за минатото. – рече Заев.

Барањето за оставка го поддржаа и повеќе невладини организации, а во него, покрај оставката, од власта се бара веднаш да ги пренамени хеликоптерите за транспорт на пациенти на кои им е потребна итна медицинска помош, а не да ги користи за развозување на функционери.

Автор: Иљче Затаракоски

Сподели
 
 
 
   more