септември 26, 2021

Затворање на угостителските објекти на 14 дена, полицискиот час ќе почнува 2 часа порано

Се очекува Владата денеска да донесе нови мерки за спречување на ширењето на коронавирусот откако претпладното таква препорака произлегла од заседанието на Главниот координативен штаб.

Според шпекулациите за одлуките на ГКШ, од утре па во наредните 14 дена ќе бидат затворени угостителските објекти. Исто така, за два часа порано се поместува и почетокот на полицискиот час, така што наместо во 22.00 часот, тој ќе почнува од 20.00 часот и ќе трае до 5.00 часот изутрина.

Во текот на денов се очекува Владата да одржи седница и да ги формализира одлуките.

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •