октомври 22, 2021

ЗАЕВ ИНВЕСТИРА 380 МИЛИОНИ ЕВРА НАРОДНИ ПАРИ ВО ГАСНА ЦЕНТРАЛА, ШТО РЕАЛНО ЧИНИ 160 МИЛИОНИ!

Додека цела ЕУ, вклучително и Германија, се снабдува со евтин руски гас, а дополнително земјите градат и гасоводи од коишто пак добиваат дури и финансиски бенефиции, македонските власти, задоволувајќи ги интересите на шака олигарси и нивните западни бизнис партнери, без никакво оправдание ја одбиваат можноста да добиваме евтин гас само поради тоа што гасот е руски!?

Деновиве слушаме како премиерот Заев во Александропули, договорил инвестиции со грчки компании во вредност од 750 милиони евра, кои ќе бидат одвојувани од Буџетот. Инвестициите ќе се однесуваат токму на складирање и гасификација на течниот природен гас, односно учество во гасната централа за производство на електрична енергија.

Примерот со бившиот вицепремиер Кочо Анѓушев, кој ја продаде својата компанија ЕДС, формирана со капитал од 5 илјади евра, на државната грчка енергетска компанија за 4.8 милиони евра, ни дава за право да се сомневаме во оваа зделка. Затоа, ја повикуваме Владата на Република Македонија и државната АД ЕСМ, детално, по ставки, да образложат: каде, за што и колку точно ќе вложуваат граѓаните на Македонија преку Буџетот на државата?

Меѓудругото, овој повик е и поради фактот што во изјавите на челниците на Владата беа спомнати нереално високи суми за вакви инвестиции. Имено, премиерот изјави дека Владата ќе учествува со 380 милиони евра, односно 25% влог во гасна централа за производство на електрична енергија со инсталирана моќност од 800 MW, што значи дека Македонија ќе вложи 380 милиони евра за 200 MW инсталирана моќност.

Ако се знае дека цената за изградба на гасна централа се движи нешто помалку од 800 илјади евра за еден MW инсталирана моќност, излегува дека државата треба за 200 MW инсталирана моќност во Грција да плати 1.9 милиони евра за еден MW инсталирана моќност, или дупло повеќе од реалната цена. Односно, вкупната вредност на гасна централа за производство на електрична енергија, со инсталирана моќност од 200 MW, по реални цени чини 160 милиони евра, додека во случајов на Владата ќе чини 380 милиони евра.

Кој ќе се офајди со остатокот, односно со 220 милиони евра?

Ставот на Левица по однос на инвестиции во капацитети за производство на електрична енергија надвор од границите на Република Македонија е познат на јавноста.

Левица е изречно против инвестирање во вакви капацитети надвор од Македонија!

*Левица

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •