Хоџа: Субвенциите за сите земјоделски гранки ќе бидат исплатени кон сите апликанти кои ги исполниле условите


Во просториите на МЗШВ, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Арјанит Хоџа, во текот на вчерашниот ден, одржа состанок со незадоволните сточари од полошкиот регион.
На средбата сточарите го искажаа своето незадоволство поради доцнењето на исплатата на субвенциите.






Министерот ги информира дека за време на целиот период од почетокот на пандемијата до денес, и покрај сите потешкотии субвенциите минатата година беа исплатени и никој не беше изоставен. Истото ќе биде исполнето и оваа година.



Субвенциите за сите земјоделски гранки ќе бидат исплатени кон сите апликанти кои ги исполниле условите. Министерот Хоџа, исто така ги замоли земјоделсците за разбирање и трпеливост, бидејќи третиот бран од корона кризата предизвика редуциран број на вработени, кои треба со физичко присуство да ги обработат податоците. Но и покрај тоа, се вложуваат напори и субвенциите ќе бидат исплатени наскоро.