јули 23, 2021

ГЕРБ на Борисов победи на изборите во Бугарија, Каракачанов влегува во парламентот

Излезната анкета на агенцијата „Алфа рисрч“ покажува дека ГЕРБ, партијата на сегашниот премиер Бојко Борисов, победи на денешните избори во Бугарија и дека новиот парламент ќе биде многу пошаронолик од досегашниот. Според овие анкети, Бугарската социјалистичка партија (БСП) доживеа изборна катастрофа, затоа што е едвај малку понапред од новата партија на шуменот Слави Трифонов, Има таков народ. ВМРО е малку над самиот раб на влезот во парламентот.

ГЕРБ, според оваа излезна анкета има 25,7 отсто од гласовите, БСП 17,6, а Има таков народ со дури 15,2 проценти. Зад нив партијата на етничките Турци ДПС со 11 отсто, а одличен резултат има и Демократска Бугарија со 10,4 отсто.

На границата за влез во парламентот се Исправи се! Мутри надвор! со 4,2 и ВМРО со 4 отсто.

Но овие анкети треба да се земат со резерва иско го покажуваат изборното расположение, затоа што во нив не се пресметани гласовите на Бугарите во странство кои може да ја променат сликата особено за двете последни партии кои се борат да го преминат изборниот праг.

Излезноста на изборите беше помала од пред четири години – околу 48 отсто.

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •