октомври 22, 2021

328 македонски Бугари се пријавени за гласање во Македонија

На парламентарните избори во Бугарија в недела ќе можат да гласаат вкупно 6,732,316 регистрирани избирачи. Дел од нив, Бугарите во Македонија ќе може да гласаат во земјава или на гласачките места во Бугарија во кои се заведени. Според податоците на бугарската Централна изборна комисија, за гласање во Македонија се пријавиле 328 луѓе, а од нив 99 ќе гласаат во Охрид, 52 во Скопје, 51 во Битола, а останатите ќе гласаат во Струмица и во Штип.

Како стојат политичките партии пред неделното гласање?

Резултатите од анкетата што ја спроведе агенцијата „Маркет линкс“ во периодот од 18 до 25 март, ГЕРБ на Бојко Борисов би освоила 22,8 отсто од гласовите, а зад неа е БСП со 18,1 отсто. На високото трето место е Има таков народ на шоуменот Слави Трифонов, а потоа следуваат Движењето за права и слободи и Демократска Бугарија. Според оваа анкета ВМРО-БНД на Каракачанов со 3,3 отсто од главовите нема да влезе во Парламентот бидејќи цензусот е 4 проценти.

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •