ноември 29, 2021

Спасовски не знаел за набавката на софтверот на Рашковски за сообраќајни прекршоци

Министерството за внатрешни работи нема барање за набавка на софтверот, не било информирано, ниту пак софтверот бил преземан во МВР, изјави министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, во емисијата „Стадион“. Тој додаде дека не знаел ништо за набавката на софтверот.

Тој вели дека во рамките на МВР работна група правела анализи и се утврдило дека со софтвер за сообраќајни прекршоци ќе се елиминира човечкиот фактор и затоа сега сакаат надградба на системот „Безбеден град“ или нов систем за да се користи за таа намена.

-Во рамките на МВР работеше работна група направивме анализи за ставање во функција на Safe City и притоа целосно да биде дигитализиран. Камерите се во функција, и тие се набавени уште од времето на Груевски и Мијалков, меѓутоа концептот во тој момент не бил концепт за сообраќајни прекршоци, тие камери биле користени од Бирото за јавна безбедност и Управата за безбедност и контраразузнавање. Сега ги користи и Бирото за јавна безбедност и Управата за безбедност и контраразузнавање. Ние сега сакаме да имаме надградба или нов систем којшто ќе овозможи и сообраќајна контрола, да го исклучиме човечкиот фактор во контролирањето на сообраќајот. Анализите кои ги правиме од околните држави и од ЕУ, покажуваат дека најдобри резултати се даваат кога го исклучувате човечкиот фактор и едноставно се оди преку електронскиот систем. Во тој дел е подготвено сè, рече Спасовски.

Сподели
 
 
 
   more