јули 23, 2021

Опозициската ВМРО ДПМНЕ на протест пред Министерството за здравство побара оставка од министерот Венко Филипче (видео)

„Рекордери во смртност“, „Министерство за провизии“, „Да го измиеме срамот на Филипче и Заев“. Со вакви пароли опозициската ВМРО ДПМНЕ на протест пред Министерството за здравство побара оставка од министерот Венко Филипче. Пратеничката Дафина Стојановска рече дека во болниците нема соодветни услови за пациентите болни од ковид 19, а граѓаните молат за вакцини. Затоа ги повикаа Филипче и премиерот Зоран Заев да се подготват за понесување одговорност за негрижа за човековото здравје.

„Зарем не сметате дека е премногу. Зарем не сметате дека и ние дома имаме деца и родители за кои се грижиме. Токму заради нив сме овде. Конечно, здравјето и животот на сиот народ во Македонија е во вашите раце. За жал, вашите раце се неспособни и извалкани со многу криминал, а најголемиот и непростлив е што се дрзнавте да договарате профит и од набавката на вакцини. Клети и проклети да сте. Отстапете и подготвувајте се за одговорност“, рече Дафина Стојановска – ВМРО-ДПМНЕ.

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •