април 18, 2021

Нуркач постави нов рекорд, го задржа здивот повеќе од 24 минути (ВИДЕО)

Овој 54-годишен човек е сопственик и на претходниот рекорд во оваа дисциплина.

Хрватски нуркач постави нов Гинисов рекорд откако успеа да го задржи здивот 24 минути и 33 секунди, пренесуваат светските агенции.

Будимир Собат го постигна своето достигнување во базен во хрватскиот град Сисак.

Тој го посвети достигнувањето на својата ќерка Соња. Девојчето има аутизам, церебрална парализа и епилепсија.

Собраните средства ќе му помогнат на Будимир да го обнови градот Сисак, кој беше сериозно оштетен во земјотресот во 2020 година.

Овој 54-годишен човек е сопственик и на претходниот рекорд во оваа дисциплина.

Во 2018 година тој успеа да го задржи здивот 24 минути и 11 секунди.

Пред него, Гинисовиот рекорд беше 11 минути и 35 секунди.

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •