април 13, 2021

УХМР: Временска прогноза за следните четири дена

Според информациите на УХМР денес ќе се задржи променливото облачно време со сончеви периоди. Попладне ќе има локални врнежи од дожд и појава на ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен и северозападен правец. Во продолжение погледнете какво време не очекува за деновите пред нас.

Прогноза за 03.04.2021 – Минимална температура: 2°C до 7°С, Максимална температура: 15°C до 22°C.

Променливо облачно со повременo умерен до пороен дожд и со локална појава на грмежи. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер претежно од западен правец.

Прогноза за 04.04.2021 – Минимална температура: 3°C до 8°С, Максимална температура: 6°C до 13°C.

Oблачно и особено на северот посвежо со повремени врнежи од дожд. На места врнежите ќе бидат поројни и пообилни (локално и над 20л/м2) и проследени со засилен ветер. Врнежите ќе бидат од снег на планините, а уште од ноќта ноќта на некои повисоки места ќе се менуваат од дожд во снег.

Прогноза за 05.04.2021 – Минимална температура: -2°C до 4°C, Максимална температура: 10°C до 18°C.

Сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северен правец.

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •