април 14, 2021

Околу 7.000 вработени не зеле плата во февруари

На 6.888 вработени не им е исплатена плата во февруари додека се чека финансиската поддршка за исплата на плати како дел од петтиот антикризен пакет заглавен во Собранието.

Тоа се 10,7 проценти од вкупно доставените 63.948 МПИ пресметки доставени до Управата за јавни приходи.

Оттаму апелираат поскоро Собранието да ги донесе законските решенија со кои ќе се овозможи практична примена на антикризниот пакет, а дотогаш најавија дека ќе има период на толеранција само за оние компании кои немале средства за исплата на плата, а ја чекале финансиската помош од државата.

– Ќе блокираме онаму каде има основ да се блокира. Онаму каде одредени компании ја чекале финансиската поддршка и очекувале дека навреме ќе ја добијат, а немале средства да исплатат плата, на нив им се доставени опомени. Телефонски ќе бидат исконтактирани за да се најде соодветно решение како би можеле да ги изменаџираат своите долгови се до моментот на носење на финансиската поддршка. Онаму каде се утврдени злоупотреби и сме виделе дека и наназад не се исплаќале плати, ќе постапуваме согласно надлежностите за присилна наплата, истакна директорката на УЈП Сања Лукаревска на денешната прес-конференција во Владата.

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •