јули 24, 2021

“Ова е прашање на националната државна безбедност”: Брнабиќ за апсењето на анти-ваксерите

Вакцинацијата е прашање на национална безбедност и нема поважна тема од тој процес, рече премиерот на Србија, Ана Брнабиќ и додаде дека никој не треба да игра со тоа и да се обиде да го загрози нивото на имунизација со ширење лажни вести и паника.

Во врска со апсењето на одредени антиваксери кои се рекламираа на социјалните мрежи, Брнабиќ на ТВ Пинк рече дека лажните вести за вакцинацијата се нешто што може да ги чини животи на граѓаните. “Ако дури и една личност што помисли да се вакцинира и слушне лаги, а потоа се откаже и умре, тоа е кривично дело. Ние мора сериозно да се занимаваме со оваа тема, ова е прашање на националната државна безбедност”, рече Брнабиќ.

Таа изјави дека на последната седница на Советот за национална безбедност, главната тема била вакцинацијата, и дека тоа било дискутирано и во Собранието на Србија. Премиерот ги отфрли обвинувањата дека претседателот Александар Вучиќ е антиваксер, нагласувајќи дека јасно ги повикал граѓаните да се вакцинираат и дека најавил дека наскоро ќе биде вакциниран. “Вучиќ сакаше да се вакцинира во моментот кога ќе знаеме дека имаме доволно вакцини. Тој сега го отвора вториот круг на масовна имунизација. Тоа ќе ни помогне да постигнеме колективен имунитет”, вели Брнабиќ.

Осврнувајќи се на податоците од Израел, таа рече дека е доволно да се вакцинираат 56% од возрасната популација за да се постигне колективен имунитет. „Се надевам дека ќе го постигнеме тоа до крајот на јуни и дека ќе можеме да го продолжиме нашиот нормален живот“, изјави премиерот на Србија. Таа потсети дека е прва вакцинирана и дека и други службени лица го сторија истото. Во однос на влегувањето на одредени болници во системот на ковид центри, Брнабиќ рече дека затоа е важно да има мерки. “Разбирам дека на луѓето им е доста од сè, но секогаш мора да размислуваме за здравствените работници во ковид зоните кои се под огромен притисок. Мора да им помогнеме за да можат да ги заштитат животите на граѓаните. Затоа се важни мерките”, Рече Брнабиќ. Таа изјави дека во Србија, доколку нема вакцини, добар информативен систем за аплицирање за вакцинација и мерки за спречување на ширење на коронавирус, бројот на новозаразени несомнено ќе биде поголем од 10 000 на ден. Премиерот на Србија вели дека “вакцините ни помогнаа, нè спасија и ни помогнаа да немаме толку ограничувачки мерки како во Европа, односно да немаме забрана за движење и дека економијата може да работи.”

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •