април 18, 2021

Мицкоски: Можни се предвремени парламентарни, заедно со локалните избори

Во интервју за ТВ 21 лидерот на ВМРО-ДПМНЕ ги коментира можните сценарија за парламентарни избори
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски вели дека сите опции се отворени во врска со предвремените парламентарни избори – заедно со локалните, или напролет идната година, односно после локалните избори на крајот од оваа година.

-Сите опции се отворени, можеме да имаме заедно со локалните и предвремени парламентарни избори, може да чекаме резултати од локалните, па да видиме, па после да имаме напролет предвремени парламентарни избори. Така што сите опции се отворени. Не би сакал да зборувам сега за детали, затоа што кога зборувате за детали, дел од граѓаните имаат некои високи очекувања, а друг дел се борат да не успеете. Факт е дека Македонија во моментов се движи во погрешна насока и тоа мора да го смениме, рече Мицкоски.

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •