јули 24, 2021

Заев: Фајзер конечно го потврди договорот, 80.000 вакцини треба да стигнат до јуни

До крајот на април треба да имаме стигнатно 350.000 вакцини во Македонија, а Фајзер конечно го потврдил договорот за вкупно 800.000 вакцини, информираше премиерот Зоран Заев во вечерашното интервју на Канал 5.

-До крајот на месецеот треба да стигнат 200.000 од кинеските, 78.000 веќе имаме во државата. Очекуваме да стигннат уште 76.000 од Ковакс механизмот. 20-25.000 од вакцините од ЕУ, која вкупно ќе и даде на Република Македонија 100.000 вакцини. И ги чекаме следните пратки од Спутник и Фајзер. Фајзер го потврди конечно договорот, 80.000 до јуни, ќе стигнуваат по 10.000 почнувајќи од април, рече Заев.

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •