јули 24, 2021

ВО ПАНДЕМИСКА ГОДИНА, АЕК СИ ГИ ЗГОЛЕМИ ПЛАТИТЕ ЗА 5 ОТСТО – просекот е 1.463 евра бруто месечно

Се чини дека нема подобро заштитен податок во земјава од оној за платите на вработените на Агенцијата за електронски комуникации.

Челните лица на оваа институција во принцип одбиваат да говорат за нивните месечни примања, а единствениот начин новинарите да дојдат до било какви податоци за платите во таа институција, се годишните извештаи на Агенцијата. Податоците за платите и таму се сиромашни и нејасни, пишува Фактор.

Сепак, според податоците на Годишниот извештај за работењето на Агенцијата за електронски комуникации за минатата, 2020 година, може да се заклучи дека вкупно 133 вработени во регулаторот на телекомуникациските компании, во просек земаат бруто плати од 1.463 евра.

И не е само тоа, туку минатата година, во време на пандемија и економска криза во државата, кога многумина останаа без своите работни места, на вработените во АЕК им биле зголемени платите за 5 отсто, одлука која почнала да се реализира уште во 2019 година.

Еве што стои во годишниот извештај за работењето на АЕК, кој Агенцијата неодамна го објави на својата интернет страница, а го достави на усвојување и до Собранието.

„Вкупната реализирана вредност на синтетичкото конто вкалкулирани плати 143.558.431 денари (2,33 милиони евра – н.з.) и се однесува за пресметани и исплатени нето плати, согласно Правилникот за плати и надоместоци на вработените во АЕК, за пресметани и исплатени придонеси за ПИО, здравство, за придонеси за професионално заболување, вработување, персонален данок на доход. Оваа реализација е 87,96 отсто во однос на финансискиот план за 2020 година, и има зголемување за 5,94 отсто во однос на 2019 година, а истото се одразува на законското зголемување од 5 отсто, реализирано во 2019 година“, се вели во годишниот финансиски извештај.

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •