април 16, 2021

БРОЈ НА АНТИТЕЛА 3200: Спутник V ефикасен и година дена по аплицирањето

Директорот на Научноистражувачкиот центар за микробиологија и епидемиологија „Гамалеја“, Александар Гинкбург, објави дека точно една година откако ја примил вакцината „Спутник ве“ (Спутник V), извршил тест за антитела кој покажал дека бројот на антитела е сè уште голем , заштита од Ковид 19 постои и не треба повторно да се вакцинира.

– Да, повеќе од 3.200. Тоа е многу висок индикатор. Целосно сум заштитен, можам да бидам донатор ако на некој му треба. Засега нема потреба од повторна вакцинација, ова е над сите можни граници – рече Гинкбург.

Гинзбург ја прими руската вакцина против коронарниот вирус Спутник V на 30 март минатата година.

Вакцината „Спутник V“, произведена од Институтот за научно истражување „Гамалеја“, на 11 август доби потврда за регистрација од руското Министерство за здравство, со што стана првата регистрирана вакцина против вирусот корона во светот. Вакцината се базира на проучена и тестирана платформа на аденовирусни вектори кај луѓето, чии важни предности се безбедноста, ефикасноста и отсуството на долгорочни несакани ефекти.

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •