октомври 22, 2021

ПОЛИЦИСКА АКЦИЈА ВО СРБИЈА – СЕ АПСАТ АНТИВАКСЕРИ

Полициска акција во Србија – се апсат антиваксери. Досега приведени се вкупно пет лица, а меѓу нив се најде и претседателката на движењето „Живеам за Србија“.

По претресот на нејзинот дом, за кои полицијата имала судски налог – таа е приведена утрово во Белград под сомнение дека сторила кривично дело предизвикување паника и нереди, пишуваат дел од српските медиуми. 

„Во тек е голема акција и пет лица се приведени за лажни тврдења за вакцинација“. – неофицијално беше потврдено за српски „Блиц“ од тамошното обвинителство. 

Јована Стојковиќ политичарка и психијатар, важи за еден од најгласните противници на вакцинирањето во Србија. 

Претресот кој се случи утринава таа и нејзиниот споруг го пренесуваа во живо на социјалните медиуми, и притоа кажа дека полицијата ѝ упаднала во станот зашто се залага за слобода на избор при вакцинирањето на децата. 

По налог на српското министерство за внатрешни работи, на Јована Стојковиќ одземена и е и нејзината фејсбук-фан страна, каде имаше илјадници следбеници.

„Оваа страница е одземена по налог на посебното обвинителство за борба против високотехнолошки криминал“, стои во објавата што осамна на фејсбук-страната „Движење за Србија – д-р Јована Стојковиќ.

Српските медиуми  пишуваат дека Стојковиќ среде пандемијата на коронавирусот продолжува јавно да ги изнесува своите ставови кои се спротивни на официјалните препораки и мислењето на струката.

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •