април 14, 2021

Не заслуживме да ја победиме Германија во фудбал, се боревме за да ја победиме

Не можеле да се спротистават на големите земји! Грција, Бугарија и Албанија биле поголеми од нас!

Не можеле да се борат против Америка, Англија, Франција. Морале да попуштат. Секако на крајот ќе сме биле победени.

Да, ама ако не знаете да играте. Да, ама ако не сакате да играте. Да, ама ако не сте подготвени да се борите до крај. Да, ама ако не сте достоинствени во тоа што го правите. Да, ако немате чест. Да, ако немате желба да бидете подобри во што и да е! Колку пати репрезентацијата на Германија во фудбал во се и на секој начин е поголема од репрезентацијата на Македонија? Колку пати фудбалерите на Германија се поафирмирани од фудбалерите на Македонија? Колку пати се посилни фудбалерите на Германија од фудбалерите на Македонија? Ама, фудбалерите на Македонија посакуваа и се бореа за игра, за чест и за победа. И секако, не заслуживме да ја победиме Германија во фудбал, се боревме за да ја победиме. Секоја чест на фудбалерите.

Автор: Јани Бојаџи

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •