јули 27, 2021

КАРАКАЧАНОВ ДО СТЕЈТ ДЕПАРТМЕНТОТ: Воведете вие тексашко и аризонско малцинство

Бугарскиот вицепремиер и министер за одбрана, Красимир Каракачанов коментирајќи го последниот извештај на Стејт департментот во гостување на ТВ Пик искажа огромно незадоволство во однос на наводите на Стејт департментот дека во Бугарија има етнички Македонци на кои не им е дозволено да регистрираат свои здруженија.

-Тие ја гледаат Бугарија како Занзибар, не ги знаат проблемите и пишуваат така. Да ги прашам овие никаквеци во американскиот Стејт департмент какво е тоа македонско малцинство – тие гледаат некои извештаи од соросоидните организации и им даваат на невладините организации кои се хранат да ја плукаат Бугарија. Кое е ОМО ‘Илинден’ – сите се на платен список на Скопје, тоа е платено ‘малцинство’, кое нѐ тераат да го признаеме“. Па уште налутено извика: „Какви репресирани Македонци има во Бугарија?! Некои пишуваат извештаи – нека пишуваат што сакаат. Нека воведат тие тексашко малцинството и аризонско малцинство. Политиката таму е да се интегрираат сите и да бидат Американци. Од каде тие да ја зајакнуваат својата државност, а ние ја кршиме, рече Каракачанов.

Меѓу другото, Соединетите Американски Држави во овој извештај наведуваат дека бугарските власти и покрај пресудите на Европскиот суд за човекови права одбиваат да ги регистрираат здруженијата на Македонците во Бугарија.

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •