Заев: Се пријавив за вакцинација, кога ќе ми дојде редот ќе се вакцинирам со вакцината која ќе ја имаме во моментот

Премиерот Зоран Заев денеска заедно со министерот Венко Филипче ја пречекаа новата пратка на вакцини која стигна како донација од Србија. Поточно станува збор за 20.000 дози од руската вакцина „Спутник В“, а по неа ќе следува уште една пратка од 20.000 дози.
Премиерот Заев истакна дека и тој се пријавил за вакцинација, па како што рече, кога ќе му дојде редот ќе се вакцинира со вакцината која во тој момент ќе биде на располагање.
-Се пријавив за вакцинација, па која вакцина ќе дојде на ред за мене со таа ќе се вакцинирам. За мене сите вакцини се во ред, истакна премиерот Заев.
За авторот
Сподели