април 17, 2021

Груби: Додека ДУИ е на власт, 13.000 Албанци се стекнаа со македонско државјанство

Заменик претседателот на Владата и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби на својот фејсбук профил објави дека за времето на владеењето на ДУИ, со македонско државјанство се стекнале 13.000 Албанци.

– Досега, над 13.000 Албанци граѓани на Република Македонија добија државјанство, додека вкупно се во постапка само 2.674 апликации, вклучително и сите други заедници – објави Груби како одговор на предложениот закон за државјанство од страна на Алијансата за Албанците и Алтернатива.

Груби во својот пост истакна дека, дури и ако има само едно единствено лице без државјанство кое ги исполнува условите, ќе добие државјанство.

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •