ноември 30, 2021

Анкета: Педесет и седум отсто од Германците би се вакцинирале со Спутник В

Повеќе од половина од германските граѓани (57 проценти) изразиле подготвеност да се вакцинираат со руската вакцина Спутник В против коронавирус, доколку е одобрена за употреба во Европската унија и Германија. Ова го покажуваат резултатите од анкетата спроведена од Институтот Форс за медиумската група РТЛ.

Според истражувањето, учеството на оние кои биле подготвени да се вакцинираат со таа вакцина е 45 отсто на почетокот на февруари.

Сподели
 
 
 
   more