јули 24, 2021

АНГЕЛОВСКИ: РАДУВАЈ СЕ МАКЕДОНИЈО И СЛАВИ ГИ ОВИЕ ХЕРОИ

Селекторот на македонската фудбалска репрезентација, Игор Ангеловски, целата заслуга за историскиот триумф (2:1) над Германија ја препиша на неговите избраници.

– Моите фудбалери се изборија за овој историски успех. Победивме четирикратен светски и трикратен европски шампион кој имаше 20-годишна традиција без пораз. Кој, ако не ние, односно нашите фудбалери не ја срушат таа традиција. Тие се нашите спортски херои, тоа се истите кои ја кренаа на нозе нацијата по пласманот на Европското првенство. Радувај се Македонијо и слави ги овие херои.

Се’ уште не сме свесни што направивме. Македонскиот селектор победата ја посвети на македонскиот народ, на целиот медицински персонал, на неговите деца и на неговата сопруга која пред само неколку дена излезе од болница по прележан коронавирус.

Ангеловски побара да не се создава еуфорија и како што рече, спуштени на земја да се продолжи понатаму во трката за пласман на Светското првенство, како и настапот на Еверо 2020 претстојното лето.

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •