април 18, 2021

Ја погребавте државата

Ти одат ти се вакцинираат околу 10.000 граѓани со АстраЗенека викендов во Србија. Најголем дел од нив се помлади од 60 години. Ти излегуваш јавно и велиш ревакцинацијата ќе е на сметка на Македонија, а правиш и план за приоритетна листа на услужни и јавни професии за вакцинирање со Астра, оти дошле најпосле во МК (додуша се подготвуваш со брзина на полжав ко божем не си знаел дека ќе дојдат). И тие имаат под 60 години.

Доаѓа понеделник, примаш критика од Претседателот, избрзуваш, му враќаш и напаѓаш ко мало дете со големо его и доцна сфаќаш дека си утнал. За да се извлечеш од дупката, или по пиаровски да го пренесеш вниманието на друго и да ја изменаџираш кризата, решаваш од ракав во вечерно интервју да изјавиш дека сте решиле да не вакцинирате помлади од 60 години со Астра оти, види мајката, Германија и Канада така одлучиле.
ОК, си велиш, цел свет е во хаос, па и ние… ама мајку му оти бе од вчера решивте да ги слушате Германија и Канада?! Која е причината баш тие 2 земји да се водилки во креирање на вакциналната политика во Македонија?! Па нели до вчера на пладне ги слушавме ЕМА и СЗО и сите вакцини беа безбедни? Каква е оваа хистерично брза одлука која не ги зема предвид 10.000 илјади граѓани од викендов?!

Оти бре не ги слушавте Данска и другите земји кога суспендираа вакцинирање со Астра за над 65 години туку тврдевте дека се е ок?!


Резултат: 1. не го свртевте вниманието од вчерашните ФБ его трипчиња и освен партиските ботови, најголем дел од луѓето уште еднаш заклучија дека егото ви е најпримарно во креирање политики;

2. Ги ставивте во ОГРОМЕН, непотребен во овој момент СТРЕС и НЕСИГУРНОСТ илјадниците граѓани кои веќе примија Астра и тоа го направивте БЕЗ ТРОШКА ОСЕТ И ОДГОВОРНОСТ ЗА ИЗРЕЧЕНИОТ СТАВ;

3. Потврдивте дека никој таму не размислува за јавната комуникација, туку за личниот рејтинг, оти да беше поинаку ќе ви кажеше дека одговорот требаше да ви биде оти ги следите случувањата, ќе побарате дополнителни информации, ќе анализирате и како и секогаш ќе ги слушате ЕМА и СЗО, а не како ќе ви текне било која држава и тоа нема да ви зависи од дали дента сте утнале нешто или не со ПРот.


ВИ ЧЕСТИТАМ: Создадовте тотално непотребен притисок и грижа за своето здравје кај илјадници граѓани што се вакцинираа, направивте дополнителна недоверба кон вакцината Астра, а за несигурност и недоверба кон државата ич да не почнувам, ја погребавте.

Автор: Жанета Трајковска

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •