април 18, 2021

Села: Ќе го спречиме одложувањето на пописот преку Бадентер, сѐ уште немаме покана од Заев за лидерска

Лидерот на Алијансата за Албанците Зијадин Села на пресконференција со новинари изјави дека коалицијата Алијанса -Алтернатива ќе ги искористи сите механизми за да спречи одложување на пописот на населението.

Села во оваа прилика напомена дека Законот за попис на населението измените и дополнувањата се носат со Бадентер и дека оваа коалиција ќе го искористи овој механизам за да спречи одложување на пописот, пренесува Слободен печат.

Вчера имаше средба меѓу двајцата лидери на македонските партии, во својство на лидери тие можат да се сретнат не еднаш, туку 100 пати. Но, ние сме тука за да кажеме дека овој вид состанок е нула, и сите договори што произлегуваат од овој вид состанок се нула. Нема да дозволиме овој процес да се одложи. Имаме механизми за да го спречиме овој договор меѓу Заев и Мицкоски. Промена на законот е можна само со Бедентер. Алијанса и алтернатива ќе го искористи овој механизам за да не дозволи пописот да се одложи – рече Села.

Села и Гаши информира дека досега не добиле покана за утрешната најавена средба меѓу нив и премиреот Зоран Заев. Но додават дека се спремни да се сретнат со премиерот во било кое време за да најдат решение за нивниот предлог закон за државјанство. Во моментот додаваат, дека од координаторот на СДСМ е контактиран координаторот на коалицијата Алијанса Алтернатива, но не е прецизиран некој формат за можната утрешна средба.

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •