октомври 22, 2021

Потпишување меморандуми за инвестиции во гасниот терминал Александруполи

Во Владата денеска ќе бидат потпишани меморандуми за реализација на проектите Терминал на течен природен гас Александруполи, обезбедување на капацитет за природен гас и Гасната централа Александруполи, сооопшти владината прес-служба.

На потпишувањето се предвидени обраќања на премиерот Зоран Заев, вицепремиерот за економски прашања  Фатмир Битиќи, министерот за економија Крешник Бектеши, извршниот директор на Копелузос Груп, Христос Копелузос и на заменик-претседателот на Гастрејд, Коститс Сифнеос.

Присутни ќе бидат и Бајрам Реџепи, извршен директор на Национални енергетски ресурси – „НЕР АД“ Скопје како и Васко Ковачевски, претседател на УО и генерален директор на А.Д. Електрани на Република Македонија – „А.Д. ЕСМ“.

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •