Ова се наркобосовите за кои МВР распиша меѓународна потерница

Министерството за внатрешни работи распиша меѓународна потерница по Седат Бајрами, Бесир Љатифи, Егзон Зендели, Сенат Љатифи, Иљаз Муареми и Исмаил Рогачи, нарко-босовите кои се во бегство по акцијата „Планина“, која беше спроведена во текот на минатата недела.
Полицијата успеа да приведе неколку лица, но главните успеале да побегнат, па денеска се распишани меѓународни потерници, а нивните фотографии се објавени на сајтот на МВР.

Петмина од избеганите се од Грчец, а еден од нив е од Гази Баба. По сите се трага поради сомневање дека сториле кривично дело неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори.
Претходно беше уапсено 21 лице во акцијата.
Сподели