јули 23, 2021

Луѓе се пишманат и го пропуштаат терминот за вакцинација

До овој момент, околу 20 отсто од пријавените не се појавиле на пунктовите за вакцинација, но засега е премногу рано за да се каже колкав ќе биде тој процент, рече министерот за здравство Венко Филипче.

Утрово во 8 часот започна имунизацијата со вакцината на „АстраЗенека“, но дури 20 отсто од пријавените не се појавиле во дадениот термин за вакцинација.

Ова денеска го соопшти министерот за здравство, Венко Филипче, откако претходно информираше дека засега се стопира вакцинирањето на младите со „АстраЗенека“, оти, како што рече, во земјава е забележан првиот случај со тромботична реакција кај 28-годишна девојка која ја примила вакцината.

Во однос на организираноста во вакциналните пунктови, пак, тој додаде дека сè тече без проблеми.

– Нема никакви проблеми, организацијата е одлична. Уредно се обележани сите места каде што се врши имунизацијата. До овој момент, околу 20 отсто од пријавените не се појавиле на пунктовите за вакцинација, но засега е премногу рано за да се каже колкав ќе биде тој процент – рече Филипче.

Според него, не се знае ниту дали граѓаните кои не се појавиле на вакцинација веќе се вакцинирале во Србија, но не ги известиле своите матични лекари.

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •