април 18, 2021

Грција на 14 мај ги отвора границите и за македонските граѓани

Грција ги отвора границите на 14 мај и за македонските граѓани, изјави денес Министерот за здравство Венко Филипче.

„Ние имаме многу честа комуникација и со грчкиот министер за здравство, а утрово разговарав и со грчкиот министер за туризам Теохарис, и тој ме извести дека двата гранични премини Дојран и Евзони ќе ги отворат на 14 мај и за македонските граѓани“, рече Филипче.

Притоа, ќе биде задолжително да се покаже потврда за вакинација или негативенн ПЦР тест.

„Тоа што јас земав обврска утрово е да испратам како ќе изгледаат нашите сертификати за вакцинација со сите потребни кодови и листата на официјални и овластени лаборатории кои што можат да издаваат и ПЦР тестови“, рече Филипче, додавајќи дека се надевајќи дека нема нешто лошо драстично да се случи што ќе ја влоши епидемиолошката состојба во двете земји.

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •