ноември 27, 2021

Филипче изненаден од изјавата на Пендаровски: Сликите од Србија не се срам, туку солидарност

Изненаден сум од изјавата на претседателот Пендаровски, сликите од Србија не се срам, тоа е одраз на солидарност во услови на криза, вели министерот за здравство, Венко Филипче во писмена изјава за медиумите откако претседателот Стево Пендаровски по седницата на Советот за безбедност порача дека сликите од Србија, односно големиот број на граѓани кои заминаа на вакцинација во Србија, се срам за нашата држава.

-Покрај нашите граѓани се вакцинираа и граѓани на соседните земји, но ниеден претседател не рече дека е тоа срам за неговата земја. Владата прави максимални напори да обезбеди вакцини, а вакцинацијата започнува веќе од утре. Претседателот на државата како институција исто така би требало да игра значајна улога во сите овие процеси на набавки. За жал, конкретна поддршка од Пендаровски изостана, се вели во ставот на Филипче.

Пендаровски попладнево порача дека сликите од Србија не смеат да се повторат и дека државата е должна да обезбеди вакцинација за сите граѓани.

Сподели
 
 
 
   more