април 18, 2021

Палмер: Итно да почнат преговорите со Македонија, не може еден НАТО сојузник да му се заканува на друг

Неопходно е итно да се одржи меѓувладината конференција за почеток на преговорите за членство на Република Македонија во Европската Унија, изјави американскиот заменик-помошникот државен секретар Метју Палмер.

– Чувствуваме момент на итност. Сметаме дека Република Македонија и Албанија ја заслужија Меѓувладината конференција и формалното отворање на пристапните преговори. Многу сакаме да видиме тоа да биде договорено оваа година, нагласи Палмер во изјава за Гласот на Америка.

Тој истакнува дека САД сакаат „да ги видат препреките отстранети“, посочувајќи дека Република Македонија и Албанија заршија тешка работа, ја одработија нивната домашна задача и ги направија неопходните реформи.

– Одржете ја Меѓувладината конференција и ставете го овој процес цврсто на пат, порача американскиот дипломат.

Палмер нагласи дека Вашингтон би сакал Скопје и Софија преку дијалог да ги решат прашањата во билатералните односи и да ги држат проблемите надвор од мултилатерални формати, вклучувајќи ги НАТО и ЕУ.

– Сигурно никој не сака да види еден НАТО сојузник, НАТО партнер да му се заканува на друг, рече Палмер.

Потенцирајќи дека борбата против корупцијата е една од основните вредности на членките на НАТО, Палмер нагласи дека САД очекуваат од нашата Влада да „направи подобра работа“ во борбата против корупцијата.

– Граѓаните на Република Македонија го очекуваат тоа од нивната Влада. Колку подобро Владата се справи со корупцијата, толку повеќе овој проблем ќе го стави под контрола, и повеќе други држави, вклучувајќи и НАТО сојузниците, ќе гледаат на Република Македонија како на место во кое ќе сакаат да инвестираат, ќе веруваат дека договорите ќе се почитуваат, каде нема да бидат подмитувани и каде ќе имаат разумен повраток од инвестицијата во средина во која има предвидливост, вкучително и во делот на судството, вели Палмер.

Тој оцени дека е важно државата да организира попис согласно стандардите на Евростат и ја повика ја опозицијата да не бојкотира и да ја извршува работата за која ја избрале граѓаните.

– Важно е опозицијата да се појави во Парламентот, да ја извршува нејзината работа, да ги претставува интересите на нејзините гласачи, луѓето кои ја избрале да ги застапува нивните интереси. Бојкоти, блокади, неизвршување на нивната работа, ништо од ова не води до прогрес, порача Палмер.

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •