јули 24, 2021

Пола албанска, пола ничија и сечија

Етнички поделена држава на дело. Пола албанска пола ничија и сечија.


Османи кој расклештен им клима со глава на Захариева и Борисов додека бришат патос со Македонците, го гледаш како дава се од себе во неговото лобирање за признавање на Косово. И тоа како министер за надворешни на “Макефониха”. Циникот Груби како најпрв вице премиер на Македонија, го интересира само албанско и Албанци. Важно му е само Албанците да не останат непопишани.


Ете, освен на Бугарите и на Албанците почна да им смета историја и учебниците. Се палат учебници дури и по географија каде што има факти дека Османлиите ги користеле Албанците за да го чистат рисјанското, староседелско македонско население. Сме фантазирале и за балистите веројатно. И дедо ми фантазирал кога кај Колари кичевско, паднале во заседа на Џемо Хасо и едвај се извлекле. Митралезецот кој го извлекол дедо ми ранет, исто фантазирал дека цело семејство му е убиено од балистите, а сестра му и мајка му силувани пред да бидат убиени.
Тое се обични измислици за да се навредат Албанците. Историјата мора да биде фина за слушање, дури и географијата. Затоа се палат учебници како во времето на подемот на Хитлер.
Се ретушира историјата. Немало терор врз Македонците никогаш. Сите биле фини администратори. Бечка школа. Ова е накратко она “Едно општество за сите” на Заев.


И нормално, никој од заевци не реагира.
За нив сето тоа е демократија и меѓуетничка толеранција. Заевци во се што е навредливо и понижувачко за Македонците гледаат пријателски чин, се хранат со тие понижувања, ликуваат.
Они се етаблирани велепредавници на македонскиот народ. Глупаци на кои им се смеат сите кои имаат свои суверени држави и се горди на народот кој ги создал такви.


Попис?
Мало сутра!
Оставете ги да се попишуваат сами.
Така ќе ги знаеме со име и презиме сите поддржувачи на нивното велепредавство.
Готово е со Македонија, сите го знаеме тоа. Нашата генерација ќе мора да прифати дека ќе мора да живеат како мигранти на своето огниште.
Остана уште да се обидеме да се спасиме како народ во рамките на оваа велепредавничка творба. Да го спасиме барем јазикот и историјата од бришење. Така еден ден може пак ќе имаме шанси да направиме македонска држава.

Автор: Сашо Тасевски

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •