април 15, 2021

Пендаровски контра Османи – „Нема потреба од промена на Уставот, Бугарија не побарала такво нешто“

Откако Министерот Бујар Османи во синоќешното издание на „Click Plus“ изјави дека нема ништо против да се промени Уставот за внесување на бугарската етничка заедница, од кабинетот на претседателот Пендаровски велат дека тој не гледа никаква причина за било какви измени на Уставот.

„Такво нешто ниту е побарано од бугарската страна, ниту претседателот очекува воопшто да се случи затоа што усвојувањето и евентуалните амандмани на Уставот се исклучиво наше суверено право и надлежност. Во овој момент, претседателот не гледа никаква потреба за какви било измени на Уставот“, велат од Кабинетот на претседателот за Дојче Веле.

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •