април 17, 2021

Заев: Дури ни во претпоставени околности за повеќе заболени од просекот, нема причина за одложување на пописот

Премиерот Зоран Заев не гледа причина да се одложи спроведувањето на пописот, бидејќи, како што нагласи, тој се организира по сите протоколи за заштита. Резултатите од овој попис, според него, се исклучително важни за економската иднина на државата, и затоа тој треба да се спроведе.

-Не гледам никаква причини, дури ни во претпоставени околности за повеќе заболени од просекот, да се одложи процесот на попишување и не треба да се одложи, бидејќи тој ќе се одржи по сите предвидени протоколи и мерки за заштита кои се правени во период кога имавме и по 1800 случаи на ден, рече Заев одговарајќи на новинарско прашање по посетата на реконструирана градинка во Карпош.

Начинот на пристап на анкетирање, нагласи, е јасно дефиниран преку почитување на безбедносните протоколи и заради тоа процесот не треба да се одложи.

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •